Дражен Петровиќ даде 112 поени на овој меч – не постои видео-запис, но се појави извештајот (фото)

Дражен Петровиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт, а зад името на поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец се запишани бројни неверојатни остварувања.

Најимпресивно се чини она од почетокот на сезоната 1985/86, кога Дражен како член на Цибона постигна неверојатни 112 поени на дуелот од првото коло против Смелт Олимпија. Цибона го доби овој меч со преубедливи 158-77, долго време овој меч важеше за „урбана легенда“ од која не постои видео запис, за хрватскиот новинар Жељан Браница неодамна да го објави извештајот од легендарниот натпревар.

Дуелот бил одигран до „Домот на спортовите“ во Загреб, а околу 2.000 гледачи на трибините имале можност да уживаат во испишувањето на кошаркарска историја.

Дражен Петровиќ според извештајот навистина имал 112 поени, од кои 90 постигнал од игра, а 22 од линијата за слободни фрлања. Покрај него, меѓу стрелците за Цибона се запишале уште четири домашни кошаркари, и тоа Анзуловиќ со 16, Ризман со 14, Накиќ со 12 и Шоштарец со четири поени.

Се вчитува...