Лука Дончиќ одигра нов маестрален натпревар во НБА лигата предводејќи го неговиот Далас до триумф во дуелот против Голден Стејт со трипл-дабл учинок проследен до 45 поени, 11 скокови и 13 асистенции.
Неговиот извонреден настап го прокоментира и кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин кој го нарече Словенецот, Србин па брзо се поправи.
„Типичен Србин. Не е Србин, туку Словенец. Тие се тука некаде. Имаат такво ноншалантно однесување. Говорат само кога ќе ги погодат најбитните обиди, но во главно делуваат рамнодушно. Ве разбиваат, а делуваат ладно. Секогаш е интересно да се натпреварувате со такви великани, баш каков што е и Лука“, изјави Грин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА