Дрејмонд Грин наскоро ќе се врати на терените

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин ќе се приклучи на тимот по речиси еден месец отсуство. На 13. декември, Грин повторно ја покажа својата лоша страна, кога го удри Јусуф Нуркиќ, поради што НБА го суспендираше до понатамошно известување.

Оттогаш тој пропушти 10 натпревари, нема да биде ниту на 11. против Денвер во петок, но треба да се врати наскоро. Комесарот Адам Силвер ќе го има последниот збор за враќањето на Грин, но се верува дека тоа ќе биде наскоро.

Грин поради своето однесување мораше да оди во советувалиште, но и да разговара со официјални лица од тимот, лигата и синдикатот, за да избегне нови проблеми со противниците и поранешните соиграчи. Вориорс забележаа 6-5 за време на отсуството на Грин и се уште се во потрага по вистинската форма и континуитет. Инаку, Грин губи околу 150.000 долари со секој пропуштен натпревар.

Се вчитува...