Дрејмонд Грин станува слободен играч

Дрејмонд Грин нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Голден Стејт Вориорс вреден 27.5 милиони долари за следната сезона и ќе ова лето ќе бара други опции на пазарот, пренесуваат американските медиуми.

Грин целата своја кариера која започна во 2012 година ја помина во редовите на Голден Стејт. Со клубот освои четири титули, но верува дека е време за промена на средината. Постои опција да заврши во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и да заигра рамо до рамо со Леброн Џејмс, кошаркарот кој во минатото важеше за голем ривал, но сега е добар пријател.

 

Се вчитува...