Дреновац го замени МЗТ со германскиот Мителдојчер

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац, по две сезони минати во таборот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, го напушта „Јане Сандански“ и кариерата ќе ја продолжи германскиот клуб Мителдојчер.

Договорот на Дреновац со аеродромци истече по завршувањето на минатата сезона, а тој реши да побара нов предизвик и го пронајде во новиот клуб од Бундес-лигата. Дреновац во изминатите две сезони беше еден од носителите на играта на „металците“.

Се вчитува...