Помалку од 90 секунди до крајот на ’мајсторката’ во финалната серија, резултатот е 80-80. Тензијата е на максимално ниво, а топката оди кај кошаркарите што имаат најголем кредибилитет. Дреновац ја доби, направи ролинг, го измести од патики Трајковски, шутираше – и погоди тројка за титула! МЗТ Скопје Аеродром поведе со 83-80 и тоа се покажа како клучно за освојување на нов шампионски пехар во самата завршница од петтиот финален меч од серијата против Карпош Соколи.
Погледнете ја мајсторијата на Ѓорѓе Дреновац…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА