Дренте, некогаш во Реал и Феенорд, сега ќе игра за Козакен

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте потпиша за Козакен бојс. Дренте ова лето го заврши договорот со Спарта Ротердам, па сега се одлучи да потпише за Козакен.

Во редовите на Казакен заминува на наговор на роднината Коенрад, кој веќе игра во Козакен кој се натпреварува во Третата холандска лига.

Дренте во минатото играше за Феенорд и Реал Мадрид, па во 32-та година привремено прекина со кариерата, а сега повторно е на терените.

Се вчитува...