Првиот дрес на Коби Брајант продаден за седум милиони долари

Дресот на легендарниот, прерано починат американски кошаркар Коби Брајант со број „8“ кој го носеше во текот на претсезоната и во првите седум натпревари од дебитантската сезона во НБА лигата е продаден на аукција за седум милиони долари.

Тоа е четвртиот најпродаден спортски дрес на една аукција по дресовите на Бејб Рут, Мајкл Џордан и Диего Марадона.

„Првите натпревари се навистина единствени моменти во кариерата на спортист. Тие го означуваат почетокот на неверојатното патување, а за легенди како Брајант тие имаат и поголемо значење бидејќи претставуваат единствен момент за времето кое никогаш нема да се повтори“, изјави Брам Вокчер од аукциската куќа Сотби.

Се вчитува...