Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, со игрите и со победите ја водеше селекцијата на САД, тогашнио „Дрим тим“ до златото во Барселона 1992 година. Сега дресот со кој играше тогаш ѕвездата на Чикаго, е продаден за неверојатни 3,03 милиони долари, објавија медиумите во САД.
Покрај Џордан, во тој најсилен тим на сите времиња настапија уште и Меџик Џонсон, Лери Бирд, Клајд Дреклсер, Скоти Пипен, Џон Стоктон, Чарсл Баркли… Беше тоа првпат на играчи од НБА да им биде дозволено да играат на олимписки игри.
Во битката во финалето ја поразија Хрватска. Дресот кој е продаден, го носеше Џордан на полуфиналниот меч против Литванија, а на уакцијата освен неговиот, беа дресови и на другите играчи. Меѓутоа најголема цена беше даден за дреост на Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА