Дресот на Мајкл Џордан од НБА финалето во 1998 година продаден за рекордна цифра

Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан од првиот финален натпревар на НБА лигата во 1998 година во кој Чикаго си ги одмери силите со Јута е продаден на аукција за рекордна цена.

Очекувањата беа дека наддавањето ќе достигне сума од три до пет милиони евра, но истиот беше продадеден за 10.1 милион долари со што го сруши рекордот (9.3 милиони долари) кој досега го држеше дресот кој го носеше Диего Марадона кога го постигна голот кој ќе биде запомнет во историјата како „Божјата рака“.

Се вчитува...