Дресот на Марадона со „божјата рака“ ќе се продава по рекордна цена

Легендарниот Диего Армандо Марадона го привлекува вниманието на спортската јавност и по неговата смрт. Овојпат одекна веста дека дресот којшто го носеше легендарниот Аргентинец кога ја удри топката со рака и беше направена „божјата рака“ ќе се продава на аукција.

Како што е добро познато, Марадона на четврт-финалната средба против Англија на СП во 1986 година во 51-вата минута ја затресе мрежата на Англичаните, а главниот судија, Али бин Насер, не го виде тоа.

Дресот до пред некое време беше кај некогашниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по смртта на Марадона изјави дека маицата не е на продажба, а таа беше чувана во Националниот фудбалски музеј, од каде што, пак, одлучија да отворат аукција од 20 април до 4 мај.

Се очекува дресот да биде продаден над пет милиони фунти, со што ќе се урне досегашниот рекорд на бејзбол легендата Бејб Рут, чиј дрес во 2019 година беше продаден за 4,4 милиони британски фунти.

Се вчитува...