Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски му подари дрес од Палермо на малото момче Едоардо, и повторно му ја врати желбата да гледа фудбал. Тој заедно со своето семејство беше редовен посетител на „Барбера“, меѓутоа доживеа непријатност на последниот меч меѓу Палермо и Виртус Франкавилја (5-0) и оттогаш не сакаше да стапне на стадионот.
Едоардо падна во бессознание, откако блиску до него експлодира експлопзивна направа фрлена од жестоките фанови на Палермо, кои се во „војна“ со претседателот на клубот, Маурицио Зампарини. Тој беше одведен и во болница, но за среќа, мина без поголеми последици. Сепак, остана стравот дека не сака веќе да оди и да гледа фудбал.
Но, Александар Трајковски и соиграчите го убедија Едоардо повторно да дојде, овојпат во тренинг базата на Палермо и му подарија дрес. Момчето повторно е среќно и сака повторно да навива на натпреварите на Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА