Грција попусто реагира и бара промена на македонските дресови во пресрет на ЕВРО 2020, жалејќи се на кратенката ФФМ за Фудбалска Федерација на Македонија. Јужниот сосед инсистира дека и во овој случај треба да биде испочитуван Преспанскиот договор и да стои додавката Северна, за што бил испратен и допис до нашето Министерство за Надворешни работи.
Сепак, Министерот Бујар Омани денеска одговори на ова барање, јасно ставајќи до знаење зошто дресот воопшто не треба да биде предмет на Преспанскиот договор.
„Фудбалската Федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се прилагоди според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, изјави Бујар Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА