Бразилецот Рапиња се покажува како извонредно засилување за Лидс. Иако не се запиша меѓу стрелците, тој беше меѓу најзаслужните и за синоќешниот триумф над Кристал Палас.
Крилниот офанзивец го имаше и потегот на натпреварот, сигурно и најатрактивниот дриблинг во досегашниот дел од премиерлигашката сезона, откако со извонреден маневар се ослободи од ветеранот Гери Кејхил.
Поранешниот ас на Челси немаше што да направи освен да го фаулира Рапиња, кој се наметнува како лидер на тимот за кој настапува и нашиот Џани Алиоски.
Raphinha ? #fpl pic.twitter.com/4xix0ylqAs
— Patrick (@Gazza2000fpl) February 8, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

