Кошаркарската репрезентација на Соединетите американски држави го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на Летните олимписки игри во Токио. Најголема ѕвезда на тимот ќе биде Кевин Дурант кој имаше одлична сезона по враќањето од повредата.
Во тимот ќе бидат и Демијан Лилард и Џру Холидеј на плејмејкерските позиции, додека бековските позиции ќе ги пополнат Бредли Бил, Девин Букер и Зек Левин. Џејсон Тејтум и Крис Мидлтон ќе играат на крила, додека под обрачот ќе бидат Кевин Лав, Џереми Грент, Дрејмонд Грин и Бем Адебајо.
Во однос на најавеното, во последен момент од комбинција отпадна Џејмс Харден, кој најпрвин го прифати повикот на селекторот Попович, но поради повреда беше принуден да се откаже од настап на ОИ.
Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат во периодот од 23. јули до 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА