Дрим – тимот на Роналдо е без Кристијано Роналдо!

Бразилецот Роналдо, кој важи за еден од најталентираните и најдобри фудбалери на сите времиња, го откри својот „дрим – тим“. Во него има десет сегашни и поранешни мегаѕвезди на светскиот фудбал, вброени се Пеле, Марадона и Меси, но го нема Кристијано Роналдо.

На голот е Џанлуиџи Буфон, во одбраната се Кафу, Фабио Канаваро, Паоло Малдини и Роберто Карлос. Во средниот ред ги одбра Диего Марадона, Андреа Пирло, Зинедин Зидан и Лионел Меси, а во нападот тој игра заедно со Пеле.

Се вчитува...