Атлетската федерација на Македонија на гала вечера, денеска ги избра најдобрите во атлетскиот спорт во нашата земја за 2023 година.
Најдобар атлетичар на Македонија очекувано е избран Дарио Ивановски кој годинава на маратонот во Валенсија успеа постави нов македонски рекорд во маратон со време од 2 часа 11 минути и 53 секунди, што претставува одличен резултат во светски рамки.
Ивановски со тоа воедно го подобри и доскорешниот свој рекорд од 2 часа 18 минути и 12 секунди поставен на 15. мај 2022 година во Копенхагем.
Кај дамите признанието го доби поранешната олимпијка и една од најдобрите македонски атлетичарки на сите времиња Дрита Ислами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА