Една од најдобрите македонски атлетичарки Дрита Ислами запиша нов македонски рекорд на 400 метри со пречки на натпреварите на Европското екипно првенство од Трета Лига кое се одржува во Лимасол.
Ислами трката на 400 метри со пречки ја заврши на првото место во групата со време на државен рекорд од 57.53 секунди, што претставува подобрување на стариот рекорд, кој беше исто така во нејзина сопственост, за повеќе од една секунда.
Овој резултат е еднаков на 1095 бода според таблицата на светската атлетика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА