Дрита Ислами собори државен рекорд стар 40 години на 400 метри

По Дарио Ивановски и Јован Стојоски, уште еден еден македонски државен рекорд во сала на стартот од новата атлетска сезона. Една од најдобрите македонски атлетичарки Дрита Ислами запиша нов државен рекорд на 400 метри.

На отвореното првенство во Софија, Бугарија, Дрита Ислами истрча со време од 56.35 секунди, што е нов македонски рекорд.

„Ова е мој шести национален рекорд, но мора да кажам дека е најпосакуваниот затоа што успеав да го соборам рекордот од 56:49 секунди, од 1980 година. Мора да и заблагодарам на Атлетската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка, на моето семејство и на мојот тренер Александра Војнеска Зикова која силно верува во мене и ми дава постојан мотив за понатака“ – истакна Ислами по трката во Софија.

Се вчитува...