Државната рекордерка на 400 метри со пречки, Дрита Ислами, во „Маалските муабети“ со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов разговара за своите спортски почетоци и нејзините предизвици.
Таа е од една од ретките македонски спортисти кои почувствувале што значат Олимписките игри, атлетичарка која веќе обезбеди европска норма за Минхен 2022 година, но и амбициозна репрезентативка пред која се уште многу предизвици.
Амбициите на Ислами се веќе активно да работи и на обезбедување олимписка норма за учество на ЛОИ во Париз 2024.
„Може ексклузивно да соопштам дека во иднина ќе трчам и на 800 метри“ – открива Ислами во „Маалски муабети“ низ разговорот со Шилегов со кого разговараат и на темата како го гледа Скопје за десет години од сега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА