Дрита на Зекирија Рамадан пред елиминација од Лигата на Конференции

Зекирија Рамадан и неговата Дрита од Гњилане, се пред елиминација во плеј-офот во Лигата на Конференции, откако во првиот меч загубија со 2-0 од полска Легија Варшава.

Дрита добро се носеше, имаше 0-0 на полувреме, но клучниот момент се чини се случи во 31. минута кога косовскиот тим остана со играч помалку по директниот црвен картон на Гомда.

Во 56. минута Крамер донесе предност за Легија, а Гуал во 83. минута ги постави конечните 2-0. Реваншот е за седум дена, но дефинитивно Дрига го чека исклучително тешка задача.

Се вчитува...