Косовска Дрита предводена од македонскиот тренер на клупата, Зекирија Рамадан се избори за плеј-оф во Конференциската лига на УЕФА откако на реваншот во третото квалификациско коло дури по продолженијата славеше против летонска Ауда со 3-1.
Првиот меч во Летонија заврши со победа на Ауда од 1-0, па вечерва Дрита со голот на Красниќи во 75. минута успеа во регуларниот дел да ја анулира предноста на противникот.
Во продолженијата, Ауда прва поведе со голот на Тала во 91. минута, но потоа Броја во 102. минута и Дабикај во 115. минута погодија за триумф од 3-1 и пласман во плеј-офот.
115’ | DRITA TAKE THE LEAD!! GET INNNN!! 🔵
🇽🇰 Drita 3 – 1 Auda 🇱🇻 [AGG 3-2]
#UECL | #ConferenceLeague
pic.twitter.com/LE9MpDWbs3— Kosovar Football 🇽🇰 (@kosovarfootball) August 15, 2024
Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи го одигра целиот натпревар во одбраната на Дрита, а Шеји остана само на клупата за резервни фудбалери.
Елиминација од Конференциската лига, пак, доживеа Марио Илиевски со ЦСКА Софија по убедливиот пораз од 4-0 од кипарски Пафос. Илиевски беше стартер на натпреварот во бугарскиот тим, одигрувајќи 72 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА