Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров е херојот на Черно Море во дуелот против фаворизираниот ЦСКА Софија. Стоперот погоди во 76. минута и донесе нерешено 1-1 за еден бод.
Дробаров го одигра целиот натпревар, а се врати во составот после два меча пауза и ова беше за него втор меч кој го игра 90 минути.
Черно Море ја продолжува добрата серија во првенството, и има скор од пет победи и две нерешени и моментално се второпласирани на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

