Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Дробаров, беше стрелец на гол за Черно Море во победата над Спартак Варна во бугарскиот шампионат.
Стоперот на домашниот тим погоди во 75. минута, и во тие мигови донесе 3-1 за Черно Море, а на крајот домашните го добија мечот со 3-2.
Ова беше важна победа за Черно Море во битката за плеј-офот во Бугарија, додека Спартак Варна со овој пораз испаѓа од бугарската „елита“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА