Дрогба најави крај на кариерата: Имам 40 години…

Дидие Дрогба се приклучува на листата на фудбалери од највисока класа кои ја завршуваат кариерата. Фантастичниот голгетер последните сезони ги минува во американскиот второлигаш Феникс рајзинг, каде воедно е и сопственик на клубот, но Дрогба е свесен дека на неговите играчки денови треба да им дојде крај.

„Мене фудбалот ми претставува големо задоволство, релативно доцна почнав да играм на сериозно ниво, но секогаш уживав на теренот. Ми се допаѓа улогата на газда и на играч, околу мене се многу млади луѓе кои можам да ги научам на многу работи. Сепак, оваа сезона ми е последна во кариерата, имам 40 години, дојде време да се признае дека е крај“ – изјави Дрогба.

Дидие Дрогба во кариерата настапуваше за Ле Ман, Гингамп, Олимпик Марсеј, Челси, Шангај Шенхуа, Галатасарај, Монтреал и за Феникс. Тој одигра 104 натпревари за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, притоа постигнувајќи 65 погодоци.

Се вчитува...