Исак Дрогба, синот на славниот Дидиер Дрогба, потпиша договор со Фолгиоре Каратезе, член на четвртата италијанска фудбалска лига. На младиот Дрогба, кој има 20 години, ова е трет клуб во неговата кариера. Тој ја помина младинската школа во Челси, и оттаму замина во Франција, каде играше за „Б“ тимот на Гингамп.
Интересно е што постариот Дрогба во почетокот на својата кариера беше играч на Генгамп, пред да му се приклучи на тимот од Марсеј во 2003 година. Оттаму замина во Челси и стана најдобриот напаѓач во историјата на „сините“. На 381 натпревар, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска постигна 164 голови за Челси.
Еден од најважните голови на Дидиер е оној во финалето на Лигата на шампионите во 2012 година, кога го израмни резултатот против Баерн на 1:1. Подоцна, тимот од Лондон славеше на пенали и стигна до првата европска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

