Дрогба: Пред десет години одбив фотка со едно дете, тоа беше Килијан Мбапе, сега сакам да му се оддолжам

Легендарниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба, кој е амбасадор на „Златната топка“ и водител на гала-манифестацијата што се одржува во Париз, откри една неверојатна анегдота. Тој му „должел“ фотка на Килијан Мбапе уште пред десет години и сега му се оддолжи.

„10 години претходно, после мечот Челси – Барселона, едно детенце дојде до мене и сакаше да се фотографираме. Јас реков „не“, бидејќи бев бесен поради некои судиски одлуки. Дознав дека тоа дете беше Килијан Мбапе и сега сакам да му се оддолжам“, рече Дрогба и направи „селфи“ со сегашната голема ѕвезда на ПСЖ и на францускиот фудбал.

Се вчитува...