Дрогба во одбрана на Мурињо: Како може мојот фудбалски татко да биде расист

Однесувањето на Жозе Мурињо за време на големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахе и пораката дека домашните играчи скокале како мајмуни се уште е главна вест во турската фудбалска јавност.

Раководството на Галата најави дека ќе поднесе и тужба за расизам против трофејниот фудбалски стратег, а денеска во одбрана на Мурињо застана Дидие Дрогба. Поранешниот голгетер имаше беспрекорна соработка со Мурињо во Челси, а интересно е што Дрогба пред крајот на кариерата ги бранеше боите на Галата.

„Знаете колку бев горд да го носам жолто-црвениот дрес и мојата љубов кон најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку вжештено може да биде при тие ривалства што и јас имав среќа да ги почувствувам во кариерата. Видов и коментари против Жозе Мурињо и верувајте ми кога ќе ви кажам – го познавам Жозе долги години и тој не е расист. Ајде да се фокусираме на нашите натпревари, да ги бодриме „лавовите“ и да се приближиме до петтата ѕвездичка. Како може мојот фудбалски татко да биде расист. Дајте луѓе, ве молам…“, порача Дрогба.

Се вчитува...