Дрогба жестоко против Челси: Овој клуб некогаш имаше класа и стил, а сега…

Челси игра катастрофално, моментно се наоѓа на 11. позиција во Премиер-лигата, а синоќа испадна и од Лигата на Шампионите, откако го загуби и реваншот од Реал Мадрид.

Критиките кон „сините“ доаѓаат од сите страни, а по синоќешниот неуспех се јави и Дидие Дрогба, легендарниот голгетер кој со Челси освои буквално се што можеше да биде освоено.

„Овој клуб некогаш имаше класа, имаше свој стил, во текот на ерата на Роман Абрамович, сега не гледам ништо такво. Тешко ми е што видов на каков начин се отарасија од некои луѓе кои дадоа многу за Челси. Треба да се вратат на принципите и вредностите што клубот со години ги негуваше. Јас веќе не можам да го препознаам мојот клуб и тоа е најголемо разочарување од се“, порача Дрогба.

Се вчитува...