Стефан Дрогришки, на сопствено барање, го раскина договорот со суперлигашот ГРК Охрид, и кариерата ќе ја продолжи во вториот тим на Е. Пелистер.
Охриѓани, по барањетона бекот, одобрија предвремен раскин на договорот кој тој го имаше со клубот.
„Му се заблагодаруваме на Дрогришки за досегашниот ангажман и му посакуваме успех во понатамошната кариера“ – се вели во соопштението од ГРК Охрид.
Дрогришки веќе е промовиран во редовите на Е. Пелистер 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА