Стефан Дрогришки е нов член на Работник откако македонскиот репрезентативец донесе одлука за заминување од Металург, нешто повеќе од една година откако се крена голема прашина по неговото инсистирање да си замине од Пелистер и да му се приклучи на тимот на Лино Червар.
Во тој период Червар го вклучи Дрогришки и во списокот на сениорската репрезентација, овој играч настапуваше за Македонија на СП во Франција, но по завршувањето на мундијалот неговата минутажа значително се намали. Откако ниту сезонава статусот во тимот не му се подобри Дрогришки побара да си замине, „металурзите“ дадоа зелено светло за трансфер, по што битолчанецот се врати назад дома, но не во Пелистер, туку во редовите на градскиот ривал Работник.
Јасно е дека овој ракометар ќе биде значајно засилување за тимот на Андон Бошковски, кој повторно состави квалитетна екипа за борба за што подобар пласман во Супер-лигата, а потоа и во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА