Дрпљанин е петто засилување за Пролет во 2025

Пролет го заокружи ростерот за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако потпиша договор со Есад Дрпљанин. Активностите во почетокот од новата година кога станува збор за ангажманот на нови ракометари завршија токму со потписот на Дрпљанин, 23-годишен ракометар кој настапува на позицијата лево крило. Негов последен клуб беше ГА, а Дрпљанин претходно во кариерата ги има брането и боите на Бутел.

Тој е последен од низата засилувања што Пролет ги доведе на почетокот од оваа календарска година, откако во претходните денови договори со нашиот клуб потпишаа и Никола Стоилевски, Стефан Атанасовски, Стефан Јовевски и Јован Фичорски.

„Тренерот Матлиески ќе има на располагање збогатен играчки ростер, а сите во Пролет сме максимално горди што нашиот клуб повторно е единствен во Супер-лигата што ќе игра со стопроцетнтно македонски ростер, без ниту еден странски ракометар“, задоволно порачуваат од раководството на РК Пролет.

Се вчитува...