„Мора силни нерви и ладни глави за да дојдеме до бодовите во Битола“

Германскиот ракометен репрезентативец Пол Друкс пред гостувањето на Фуксе Берлин во Битола на дуелот против Пелистер во Лигата на шампионите, вели дека ќе биде неопходно многу трпение и голема борба за да се дојде до посакуваната победа.

Друкс знае дека во Битола владее извонредна атмосфера која може да го понесе македонскиот шампион во битката за бодови.

„Ова е наше прво гостување во Лигата на шампионите, што значи дека дефинитивно треба да имаме силни нерви и со ладна глава да се впуштиме во пресметката со противник како Пелистер. Знаеме дека во салата во Битола секогаш има многу добра атмосфер. Ќе биде тежок дуел, но ако ја одиграме нашата игра, веруваме дека може да ги освоиме првите два бода“ – Друкс.

Натпреварот меѓу Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Се вчитува...