Денес, на градскиот плоштад во Скопје љубителите на игрите на среќа имаа уникатна можност да се дружат со најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе и водителката Марјана Станојковска.
На среќното место на Државната Лотарија на Македонија, во една преубава постпразнична атмосфера, играчите го искористија убавото време да си ја пробаат среќата со инстант лозовите АВАНТУРА и ДЕТЕЛИНКА и секако со среќните броеви во НовоЛото 7/34. Покрај убавата дружба и насмеаните лица, и бројните добивки ги израдуваа посетителите и редовните играчи.
Најупорните трагачи по добивки си заминаа и со маички, капчиња и разни други реквизити со знакот на Детелинка, а потпишани токму од Марјана и Иџе.
Ве потсетуваме дека и прекрасниот автомобил КИА СПОРТАЖ се уште чека трпеливо на својот нов сопственик, а покрај среќното место на Градскиот Плоштад ќе блеска до 13ти мај.
Државна Лотарија на Македонија ги повикува своите верни играчи, да го посетат среќното место и да и дадат шанса на среќата да им се насмевне.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА