Државна стипендија за Нуров по обезбедената олимписка норма

Агенциајта за Млади и Спорт организираше прием во чест на Могамедгаџи Нуров, по големиот успех со освоениот бронзен медал и обезбедената норма за настап на ОИ 2020 во Токио.

Како награда за одличниот резултат Нуров ќе добие државна стипендија, во висина од две просечни македонски плати.

Во друштво на Нуров беа и селекторот на нашата репрезентација Љуљзим Вранези, како и претседателот на федерацијата, Наим Вранези.

Ова е голем успех не само на борењето, туку и на целокупниот спорт во нашата земја воопшто“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Се вчитува...