Државна видеолотарија на РМ како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Последниве години, општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Ние како компанија настојуваме да бидеме впечатливо парче од тој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество. Во 2015 започнавме со скромен фонд од 261.000,00 денари, кој го зголемуваме секоја следна година. Во следните години за оваа намена беа издвоени 1.200.000,00 денари, па 3.103.000,00 денари, за оваа година, во фондот за општествено одговорна намена, да бидат вклучени 4.337.403 денари. Следната година, овој фонд планираме да биде дополнително збогатен.
Кога ја добивме идејата за детската кардиохирургија при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија, раководство на Државна видеолотарија на РМ безрезервно одлучи да ја подржи. Со донација од 1.230.000,00 денари се вклучивме во набавка на апарат кој ќе биде од примарна важност за функционирањето на новоформираниот одел во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија.
До крајот на годинава, Државна видеолотарија на РМ како иницијатор поттикнува една друга слична акција, која веруваме ќе резултира со уште еден убав проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки за најмладите. Овие активности ќе ги продолжиме и ќе ги прошириме и во текот на следната 2019 година. Сакаме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. Посакуваме и ќе се потрудиме да придонесеме за поголеми придобивки на општеството како целина.
Со тек на време, континуирано следење на новините, задоволување на барањата за квалитет и стандардите на светско ниво, Државна видеолотарија на РМ настојува да прерасне во една од најсилните македонски компании, која ќе има огромен придонес во унапредувањето на националната економија, но и општеството во целина.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА