Државна видеолотарија донираше 100.000,00 денари на Скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Наша цел е да им овозможиме на младите скијачи да добијат шанса да бидат дел од меѓународни натпревари.
Со 100.000, 00 денари донација, Државна видеолотарија го помогна скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Со овие средства младите и талентирани скијачи, кои се дел од овој клуб, добиваат нов предизвик и мотив, да се учествуваат во национални и меѓународни скијачки натпревари за сезоната 2018.2019. Децата скијачи од овој клуб, благодарение на оваа донација, во април, ќе отпатуваат во Франција за да бидат дел од едно меѓународно натпреварување, во кое ќе ја претставуваат нашата земја.
Децата амбициозно и мошне сериозно работеа на подготовките, па со силен мотив, ќе заминат во Франција. Ние се надеваме дека и од ова меѓународно натпреварување, ќе се вратат во Битола со добри пласмани и медали.
Државна видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да ги мотивира и поддржува младите и талентирани луѓе. Нашата цел е да обезбедиме да се негуваат спортскиот дух и вистинските вредности, особено кај најмладите, кои се нашата иднина. Државна видеолотарија сериозно ќе се заложи да им овозможи пристојни услови, за да можат непречено да се фокусираат на своите цели.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА