Државно првенство во планински велосипедизам во Парк шума Гази Баба

Престојниов викенд, 11. јуни, со почеток во 12 часот, на полјанката во Парк шума Гази Баба стартува Државното првенство во планински велосипедизам во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.

На специфична кружна патека во должина од 4,5 км претставниците на македонските велосипедски клубови ќе ги одмерат силите и вештините во различни категории: сениори, сениорки, јуниори, кадети, У13 и мастерс. Најуспешните на натпреварот ќе се стекнат со титулата државен првак во планински велосипедизам.

Велосипедската трка низ патеките во Парк шума Гази Баба се одржува традиционално секоја година како настан кој е возбудлив и интересен и за пошироката публика.

ФOTO: Дејан Мариќ

Се вчитува...