Мухамаду Џаитех го засили новиот евролигаш Дубаи минатото лето и се очекуваше да биде еден од клучните кошаркари на амбициозниот тим. За жал, тој не ја ни започна, а нема ни да ја заврши сезоната поради тешка повреда на ахиловата пета.
Џаитех не дебитираше за Дубаи, но и покрај тоа ќе биде дел од составот и во иднина откако раководството на клубот се одлучи на потег за пофалба продолжувајќи му го договорот до крајот на сезоната 2027/28.
„Овој гест не е чест во професионалниот спорт и многу ми значи. Сакам да му се заблагодарам на раковоството кое верува во мене. Дубаи со овој гест покажа како треба да работи секој клуб“, изјави презадоволниот Џаитех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

