КК Дубаи би можел да биде најновиот клуб во Евролигата. Тимот од ОАЕ во следната сезона ќе игра во Еврокупот, а според шпанските медиуми, оваа екипа потоа во следните шест години ќе биде дел од најсилната европска лига – Евролига.
Девет клуба кои се акционери на Евролигата, гласале за влез на клубот од Азија, а воздржани биле два клуба, додека два тима беа против (Олимпијакос и Макаби).
Дубаи за седмогодишниот договор ќе внесе големи пари во европската кошарка, а вредноста првобитно е најавена на 5 милиони евра по сезона.
Клубот исто така ќе биде учесник и во АБА кошаркарската лига. Се очекува нов тренер да им биде актуелниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ. Засега не е познато дали тоа ќе значи дека Пешиќ ќе го напушти кормилото на Србија, или паралелно ќе ги работи сите функции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА