Дубаи ја продолжи импресивната серија во Евролигата откако избраниците на тренерот Големац лесно и убедливо славеа над Асвел со 96-85. Ова беше четврта победа во низа на Дубаи во Евролигата, петта во последните шест средби, па дебитантот во европското натпреварување има можност со евентуален триумф следната седмица против Партизан во Белград целосно да се вклучи во трката за место во плејин-натпреварувањето.
Денешниот дуел со Асвел мина целосно во знакот на домашниот состав, кој успеа да се одлепи во раната фаза од натпреварот, стигнувајќи до двоцифрено водство што лесно го контролираше до самиот крај. Дубаи имаше најубедливи „плус 18“, Асвел во самиот финиш намали на единаесет поени разлика, но без никакви шанси за внесување на резултатска неизвесност.
Бејкон со 18 поени беше прв стрелец на Дубаи, по 16 постигнаа Кабенгеле и Мекинли Рајт, додека најефикасен кај Асвел во најновиот пораз на „фенерџијата“ во Евролигата беше Брајан Ангола со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

