По седум последователни победи во Евролигата, Црвена Звезда беше сопрена вечерва во Дубаи. Во првиот меч од 10. коло, тимот од Белград беше поразен како гостин со 102-86. Од друга страна, пак, Дубаи ја прекина серијата од четири последователни порази.
Алекса Аврамовиќ беше тој што им создаде многу проблеми на црвено-белите во текот на првото полувреме, а заедно со Кенан Камењаш беше најдобриот играч на Дубаи во поголемиот дел од натпреварот. Домашните играчи имаа предност од самиот почеток, во неколку наврати во текот на првата четвртина водеа со шест поени разлика, но Звезда успеа да остане во ритам со тројки на расположениот Сами Оџелеј.
Вториот дел започна со 51-47 за Дубаи, а потоа направија и двоцифрена разлика. Во послчедната чевртина Звезда стигна до -4, меѓутоа брзо Дубаи одново стигна до двоцифрена разлика. За да биде потешко за српскиот тим, Изунду го повреди зглобот, и натпреварот заврши за него на средината на последниот период. Од тој момент Звезда како дополнително да падна, па Дубаи отиде на +15, и практично го реши овој меч.
Кенан Камењаш со 20 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Изунду кај Звезда со 16 беше најдобар поединец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

