Кошаркарскиот клуб Дубаи ќе игра во Евролигата во следните пет сезони, додека Виртус и Валенсија добија лиценци што им дозволуваат да играат во следните три сезони од тоа меѓународно натпреварување.
Оваа одлука беше донесена на денешниот состанок на Управниот одбор на Евролигата во Барселона.
Клубот од Обединетите Арапски Емирати играше само во сезоната 2024/25, негова прва во историјата, во АБА лигата, во која стигна до полуфиналето од плејофот.
Виртус е член на Евролигата во последните три сезони, додека Валенсија играше во Еврокупот во сезоната 2024/25, во кој стигна до полуфиналето од плејофот.
Тригодишни лиценци за настап во Евролигата добија и српските клубови Партизан и Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

