Екипата на Дубаи по голема борба и пресврт во второто полувреме, го урна Реал Мадрид на свој терен. Ова е втора голема победа на овој тим, откако пред неколку дена Дубаи го совлада и Олимпијакос. Реал Мадрид, пак, од друга страна е во серија од три порази.
И покрај тоа во голем дел од натпреварот Реал Мадрид го контролираше резултатот, сепак, во третиот период се случи целосниот пресврт. „Кралевите“ имаа +13 на стартот од таа делница, а потоа се случи во последната четвртина Дубаи да замине со еден поен предност. Бледата игра на Реал продолжи и во последниот период, а тоа го искористи Дубаи кој стигна до победата.
Кампацо беше најефикасен кај Реал со 24 поени, додека кај победничкиот тим Џенан Муса постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

