Дубаи не запира, го потпиша и центарот што доминираше во Еврокупот

Раководството на Дубаи не запира со потписи на нови кошаркари со кои дебитантот планира што подобро да се претстави во Евролигата. Ново име во таборот на Дубаи од денеска е Мфионду Кабенгеле, канадскиот интернационалец кој минатата сезона блескаше во редовите на Венеција.

Одличниот центар имаше импресивни настапи со прсек од 15,4 поени и 9,7 скокови по натпревар во Еврокупот, воедно и беше втор по индексни поени во ова натпреварување (23,2 по натпревар), поради што Кабенгеле беше избран и во идеалната петорка на Еврокупот за сезоната 2024/25.

Кабенгеле претходно настапуваше и за грчки АЕК во Лигата на Шампионите на ФИБА, а по трансферот во Дубаи тој конечно ќе добие можност и да заигра во Евролигата.

Пред Кабенгеле, Дубаи потпиша договори со уште неколку врвни засилувања: Џанан Муса, Џастин Андерсон, Двејн Бејкон, Мам Жаите, Алекса Аврамовиќ, Кенан Камењаш и МВП-кошаркарот од последната сезона во АБА-лигата, Американецот Мекинли Рајт.

Се вчитува...