Дубаи не запира: Кенан Камењаш потпиша со новиот евролигаш

Дубаи официјализираше големо засилување пред дебитантската сезона во Евролигата. Редовите на тимот од Обединетите Арапски Емирати ги засили центарот Кенан Камењаш кој стави потпис на договор во траење од две години.

Камењаш (25) висок 207 сантиметри за првпат ќе заигра на најголемата европска сцена, во дресот на клубот кој има амбиција да остави белег меѓу елитата на континенталната кошарка.

Босанскиот центар пристигнува од редовите на Будуќност каде остави силен впечаток под обрачите. Сезоната 2023/24 ја започна во СЦ Дерби, а потоа се пресели во тимот на Подгорица каде просечно бележеше 13,2 поени и 8,3 скока.

Се вчитува...