Кошаркарот од Босна и Херцеговина Џанан Муса одигра само осум минути во победата на Дубаи над Сплит од 92-58 во воведното коло од новата сезона во АБА лигата. Беше средината на втората четвртина кога Муса, по еден пробив, беше фаулиран.
Падна на подот, веднаш се фати за коленото и се чинеше дека се повредил. Муса потврди во објава на социјалните мрежи дека го чека пауза од неколку недели.
„Ништо сериозно, само изгледаше во прв момент ужасно. Ќе се вратам за неколку недели“, напиша Муса.
Во следните десет дена, Дубаи го очекуваат дуели со Олимпијакос, Фенербахче и Барселона во Евролигата, како и гостување кај Борец Чачак во АБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

