Кошаркарите на Дубаи го совладаа составот на Париз so 90-89 во 13. коло во Евролигата, во драматична завршница во која беа со посилни нерви. Неверојатно е она кое го прокоцкаа гостинските кошаркари, кои имаа предност и од +17 (23-40) во вториот период, но на крајот мораа да го положат оружјето.
Интересно е тоа што Париз имаше одличен влез во мечот, и предност од 32-17, а потоа Дубаи врати со 29-13 во вториот период. Повторно Париз доминираше во третиот период (13-21), за потоа целосно да доминираат домашните кошаркари и да дојдат до победа.
На 88-86, Препелиќ имаше удар за трјка за победа на Париз, но ја промаши. Потоа имаше аут по кој гостите бараа прегледување на снимката, но на крајот остана одлуката топката да биде за Дубаи, што во голема мера го реши прашањето околу победникот. Двете слободни фрлања домашните кошаркари ги искористија и на крајот го запечатија триумфот, и покрај тоа што Париз погоди тројка со звукот на сирената и ја направи победата на противникот минимална.
Рајт од Дубаи беше кошаркарот со најмногу поени на натпреварот, додека кај Париз со 22 поени Вилис беше најефикасен кај гостинската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

