„Дубаи? Тоа веќе не е Евролига!“

Тренерот на Басконија, Душко Ивановиќ во интервју за „Ел Корео“ го коментираше потенцијалното учество на Дубаи во Евролигата.

Во тек се средби, преговори и договори, како со Евролигата, така и со АБА лигата, а засега од елитното натпреварување пристигна само официјализирање на продолжувањето на соработката со Дејан Бодирога и Паулиус Мотијунас.

Ивановиќ има јасен став околу приклучувањето на кошаркарски клуб од Дубаи во Евролигата.

„Има и позитивни и негативни работи. Се чини дека се оди кон тоа Дубаи да игра во Евролигата. Ако носи квалитет и конкуренција тоа е добро. Но, тогаш веќе нема да се викаме Евролига. Мора да најдеме друго име за натпреварувањето“, рече Ивановиќ.

Се вчитува...