Кошаркарите на Дубаи израмнија на 1-1 во полуфиналната серија од АБА лигата против Партизан откако вечерва во меч кој траеше два и пол часа по продолженија славеше со 100-95.
Двете екипи одиграа израмнети 40 минути во кои ниту еден тим не успеа да направи поголема разлика, па со резултат 85-85 мечот замина во продолженија.
Таму домаќините беа за нијанса подобри и на крајот успеаја да слават со 100-95. Kлемен Препелиќ со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Карлик Џонс заврши со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

